Во рамките на истрагата за киднапирањето во синагога во Тексас, англиската полиција уапси двајца тинејџери. Тие беа приведени во неделата вечерта во Манчестер. Засега не се познати повеќе детали за возраста и полот на уапсените малолетници.
Полициската станица во регионот на Манчестер соопшти дека соработува со локалните заедници и дека учествува во истрага во САД. Таа изјавила дека двајца тинејџери биле уапсени „во рамки на истрагата“ и дека се задржани во притвор на сослушување, пишува Би-би-си.
Во саботата британскиот државјанин Малик Фајсал Акрам (44) зеде четворица заложници и ги затвори во синагога во Коливил, Тексас. Тој беше убиен при судир со полицијата. Американската полиција соопшти дека Акрам пристигнал во САД пред две недели.
Братот на Акрам, Гулбар, ја потврди неговата смрт во изјава објавена на Фејсбук страницата на муслиманската заедница Блекбурн. Тој им се извини на жртвите и рече дека неговиот брат страда од психички проблеми.
Метрополитенската полиција претходно потврди дека претставници на антитероризмот се во контакт со американските власти и ФБИ. Во синагогата имало четворица заложници, од кои едниот бил рабин. Киднаперот наводно бил брат на Пакистанка осудена за тероризам. Шест часа по почетокот на кризата, еден заложник е ослободен, а подоцна и сите заложници.
The FBI Bomb Techs are going to be disposing of some ordinances on the scene at Congregation Beth Israel. There may be some loud noises in the next few minutes. There is no need for concern. #Colleyville
— Colleyville Police (@ColleyvillePD) January 16, 2022
На преносот во живо, кој за кусо беше прекинат, можеше да се слушне: „Ќе умрам. Дали ме слушаш? Ќе умрам правејќи го ова. Не плачи за мене“. Според локалниот весник Стар, човекот неколку пати ги спомнал сестра му и Исламот додека пренесувал во живо. Тој, исто така, наводно рекол дека не сака некој да биде повреден, а ги спомнал и неговите деца. Преносот го следеле околу 8.000 луѓе.
Киднаперот, наводно, барал ослободување на Афија Сидики, пакистански невролог кој моментално отслужува 86-годишна затворска казна во САД, изјавија претставници на органите на редот за локалните медиуми. Сидики беше осуден за обид за атентат на американски воени офицери додека беше во притвор во Авганистан.