Вести Економија Топ вести

Се подготвуваат измени во даночниот систем, најави министерот за финансии Фатмир Бесими

Правично оданочување, поголема транспарентност, дигитализација, борба со сивата економија. Ова се целите главните цели на стратегијата со која за годинава се планираат измени во даночниот систем. Таа е во фаза на доработка, а минстерот за Финансии Бесими е убеден дека нема да донесе нови даноци. Вели за секоја измена ќе има консултации со коморите, а ќе бидат информирани 6 месеци пред да се воведат

Се подготвуваат измени во даночниот систем – најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Целта ќе биде спроведување на стратегијата  со која се планира правично оданочување, поголема транспарентност,дигитализација,  справување со сивата економија. Не открива детали во која насока ќе бидат даночните реформи, но Бесими е убеден дека нема да има нови даноци или зголемување на постоечките.  Ако има – за секоја измена ќе има консултации со коморите, а ќе бидат информирани 6 месеци пред да се воведат.

  • Во однос на даноците сега во однос на стратегијата нема ништо што можам да ви соопштам дека има промена на стапки и нови давачки или укинување. Стратегијата е во фаза на работење врз основа на целите што се поставени во стратегијата- Фатмир Бесими, министер за финансии.

Бесими тврди буцетот за годинава е планиран врз база на постоечките даноци. Има пари и за енергетската криза. До сега се исплатени 100 милиони евра за ЕСМ. А  за годинава во буџетот за енергетската криза се планирани  130 милиони евра. Минатата година пак во државнта каса се собрале за над 15 проценти повеќе пари од претходната година. Директорката на УЈП, ЛУќаревска рече дека ги отфрла шпекулациите дека ќе се укине проектот МОЈ ДДВ, со кој до сега се вратени околу 3 милијарди денари кај граѓаните. Она на што пак ќе работи УЈП годинава е несоодветното богатење кај некои граѓани.

Она што за годинава се знае, е дека пред пратениците во  Собрание се две нови давачки. Данокот на луксуз, кој предвидува да се плаќа три пати повисок данок за имотот кој не се користи. А во Собрание е заглавена и еколошката такса од 3,5 денари за горивата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Таравари си поднесе оставка од министерската позиција: „Во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе