Економија Најважни

Од денеска, недела е неработен ден, исклучок само за дејности каде не смее да прекине работниот процес

Затворени маркети и поглемем број мали трговски објекти. Ваква е сликата низ градот по стапувањето на сила на Законот за работни односи со кои недела станува неработен ден. Граѓаните во најголем дел се согласни дека ваков Закон беше потребен, сепак како и со многу други нешта велат дека ги затекнал па им треба време за да се навикнат и точно да знаат за кого се однесува истиот.

Еве гости ќе ми дојдат не знам каде да купам… КАМ затворен, другите затворени и сега од пазарот. Не знам ни кај нив каков е статусот, а мора нешто да работи, велат граѓаните.

За пазарџиите се уште постојат дилеми.

Знам дека во 14:00 треба да се затворат вратите. Тоа само знам. -Дали мислите дека тоа ќе се одрази врз вашата работа? -Па не баш недела е ден за одмор и ние треба да се одмориме. Не ни е кажано ништо, не се водело сметка за пазарџиите.

 

Уште изгледа не можат да се снајдат дуќанџиите, малите дуќани изгледа нешто не е до крај регулирано, затоа што гледам по помаливе објекти не работат. Значи треба да им се објасни, вели академик Владо камбовски.

 

Најраздвижено пред моловите, таму грѓаните немаат дилема дека продавниците се отворени.

Мислам дека самите вработени треба да си ги бараат своите права има доста аномалии во Законот, многу права за работодавците. Се е во нивни раце, така што се е во нивни раце. Тоа си постоеше во социјализмот не дека бил идеален, туку посоеа закони кои треба да вредат и денес, велат граѓаните.

Веќе од раните утрински часови на терен се екипите на Државниот пазарен инспекторат за да се уверат колку се почитува забраната за работа на трговците на големо и на мало. До сега не се регистрирани прекршувања на законот, вели Симеска Димоска, сепак конечните податоци ќе ги имаат во текот на утрешниот ден. Во меѓувреме се отвори делемита дали законот стапува на сила денес или на 3 јануари .

Во Законот за трговија тоа е најверојатно до законодавецот. Има пропишано дека е донесен на 27 декември, меѓуотоа дека стапува на сила за осум дена, што значи дека тоа е во текот на утрешниот ден. Од друга страна пишано е дека важноста е од 1 јануари за недела неработен ден и тоа е согласно Законот за работни односи, така што најверојатно тука се дилемите. Ние во секој случај излегуваме на терен и во однос на мерки овој пат ќе се воздржиме работиме превентивно, но во периодот кој следи сите трговци ќе мора да се усогласат, вели Симеска димоска.

Владата го усвои законот за работни односи со кој  недела станува неработен ден  уште во јуни. Требаше да се применува од први октомври, но заглави во собраниската Комисија за труд и социјала. Синдикатите бараа поголеми заштитни мерки, но работодавачите веруваат дека, по подолги разговори меѓу социјалните партнери, успеале да постигнат добар компромис.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Мицкоски подготвен за средба во Кочани, откако родителите на жртвите ја одбија поканата за во Влада  

Дејан Дејан

Бримора: Македонија мора да ја исполни обврската за уставни измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе