Економија Најважни

Парното во Скопје поскапува за 14 отсто

Скопјани од утре ќе плаќаат повисоки сметки за парно. Регулаторна пресече, јануарските сметки ќе бидат потешки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должи на енормниот раст на цената на природен гас на сверски берзи, енергенс кој го немаме во државата и зависни сме од увоз. Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година.

Низ бројки ова значи дека семејство кое во просек плаќало по 2.000 денари месечно за парно греење, отсега ќе мора да одвои 2.800 денари.

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, повторно кажа дека станува збор за тешка одлука и дека сториле све за товарот да не падне на граѓаните.

За да стигнат до овие 14 отсто поскапување, во калкулациите регулаторите ја пресметале цената на метар кубен природен гас во висина од 350 долари. Во моментов таа изнесува 1.480 долари и доколку се раководеле по оваа цена поскапувањето би било 190 отсто. Разликата од 9 милиони евра кои ќе настанат како дупkа, Бислимовски побара да ја надополнат Владата и Град Скопје.

Она што е клучно е што финансиската помош за БЕГ мора да пристигне што е можно поскоро, бидејќи компанијата има обезбедено гас за следните две недели.

Доколку не се обезбеди набавка на гас, БЕГ ќе продолжи да работи на мазут до крајот на грејната сезона, нешто што не се препорачува бидејќи топланите кои се наоѓаат во урбани средини ќе го загадуваат воздухот

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Мицкоски подготвен за средба во Кочани, откако родителите на жртвите ја одбија поканата за во Влада  

Дејан Дејан

Бримора: Македонија мора да ја исполни обврската за уставни измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе