Ковид19 Свет

Стравувајќи од дополнително ширење на омикрон варијантата, СЗО повика на откажување на прославите

Поради исклучително брзото ширење на омикрон варијантата на Ковид-19, Светската здравствена организација повика на откажување на празничните прослави за да се заштити јавното здравје. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, порача дека е подобро да откажеме сега а да славиме подоцна, наместо да славиме сега а подоцна да тагуваме.

На сите ни се гади оваа пандемија. Сите ние сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала. Најбрзиот начин да го направите ова е сите ние, лидерите и поединците, да ги донесеме тешките одлуки што мора да се донесат за да се заштитиме себеси и другите, рече Гебрејесус.

Повеќе држави веќе преземаа чекори за ограничување на ширењето на новата варијанта, воведувајќи нови рестриктивни мерки и забрани за патувања. Американскиот центар за контрола на заразни болести соопшти дека омикрон е веќе доминатна варијанта на Ковид-19 во САД, сочинувајќи 73 проценти од регистрираните новозаболени.

Сега има постојани докази дека Омикрон се шири значително побрзо од варијантата Делта. И поверојатно е дека луѓето кои се вакцинирани или прележале Ковид-19 би можеле да се заразени или повторно да се заразат, оцени Гебрејесус.

Гебрејесус изрази надеж дека пандемијата може да заврши следната година, но само доколку 70 проценти од глобалната популација би била вакцинирана со две дози до средината на 2022 година. Тој исто така ја повика и Кина, земјата каде беше регистриран првиот случај на Ковид-19, да објави повеќе информации за неговото потекло, за да помогне во справувањето со евентуални идни пандемии.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе