Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се добитници на годинашната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“.
Министерството за култура денеска информираше дека на Филиповски и Кежаровски им се доделува наградата за остварувања во областа на публицистиката, а на Марку и Николовски за остварувања во областа на новинарството.
Одлуката е донесена на 29 ноември на седница на Одборот за доделување на наградата, а на наградените ќе им биде врачена на 21 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.