Спорт Тенис

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на листата на пријавени играчи за првиот Грен слем во годината, Австралија Опен.

Ѓоковиќ никогаш во јавноста не соопшти дали е вакциниран, а тоа беше единствениот услов за учество на турнирот во Мелбурн, па со оглед дека се најде на листата на пријавени тенисери, може да се заклучи дека примил вакцина против Ковид-19.
Србинот ќе може да се бори за својот десетти трофеј од Австралија и рекорден 21-ви Грен слем во својата кариера.
Вчера беше потврдено дека Ѓоковиќ ќе учествува на репрезентативниот турнир АТП Куп во Сиднеј, што само даде дополнителна потврда дека тој ќе се појави и на престижниот турнир во државата Викторија.
Првиот гренд слем во сезоната почнува на 17-ти јануари, а Ѓоковиќ е тенисер со најмногу недели на врвот на АТП листата, но и рекордер со 9 титули на Австралија опен.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе