Вести Македонија Најважни

ВМРО- ДПМНЕ со критика за одлуката на Алтернатива да влезе во владата, старите партнери на Заев: ЛДП и ДУИ – воздржани

Алтернатива влегува во влада, излегуваат кадри на ДУИ и СДСМ од владините и директорски позиции. Според ВМРО –ДПМНЕ со ваквиот договор меѓу нивниот доскорешен потписник на инцијативата за недоверба на владата партијата Алтернатива станува партнер на криминалната дружина на власт на СДСМ и ДУИ. Според зборовите на партискиот портпарол премиерот Зоран Заев одново платил висока цена за да продолжи со криминалиите и одново останува заложник на неговиот коалициоен партнер.

Во политичката зделка кој ја водеше Заев, ДУИ засега останува без едно место во владата. Но, според  министерот за економија Кресник Бектеши неговиот партиски лидер АХмети знаел што добива, а што губи. Алтернатива од ДУИ ,сепак добива добредојде во владата.

Наместо театар за договарање функционерски позиции со Алтернатива фокусот требаше да биде ставен на парламентарно мнозинство за остварување почеток на преговори со ЕУ. Ќе видиме дали ни се допаѓа договорот со Алтернатива, порача Горан Милевски министер од  редовите на ЛДП и коалиционен партнер чија што партија заедно со ДОМ имаат три пратеници, но само едно министерско место во владата.

Последен во редот на партиски и министерски реакции, вицепремирот за европски прашања Никола Димитров договорот го оцени како силна поддршка во напредокот во спорот со Бугарија.

Алтернатива ги собира на своето конто реакциите откако во 60 дена беше партнер со Алијанса за албанците на Села на локалните избори и политички опонент на владината ДУИ, а даде поддршка и на инцијативата на здружената опозиција за недоверба на владата кој пропадна во собранието.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе