НАТО може да испрати повеќе од 40.000 војници во Латвија за кратко време, доколку е потребно, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по средбата со латвискиот претседател Егил Вевиц во Рига. Столтенберг посочи дека НАТО ќе обезбеди присуство на сојузнички трупи во балтичкиот регион со цел дополнително да не се влоши ситуацијата на границите на Латвија, Литванија и Полска.
Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс изјави претходно денеска, пред пристигнувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Рига, дека на земјата и треба постојано американско воено присуство со цел да ја одврати Русија и затоа сака да го зајакне одбранбениот потенцијал со американски противвоздушни „Патриот“ ракетни системи. НАТО распореди четири мултинационални борбени баталјони за одбрана на Полска и балтичките држави Литванија, Латвија и Естонија од јули 2017 година.