Вести Свет

ВИДЕО: Страшно невреме ја зафати Турција – 6 лица загинаа а 44 се повредени

Силниот ветер и бурата го парализираа животот во регионот на Мармара. Летаа крововите од куќите и зградите, се корнеа дрва од силниот ветер кои оштетија стотици автомобили. Невремето остави жртви, а штетите за куќите и автомобилите се огромни.

Генералниот директорат за метеорологија на Турција 17 градови ги стави во портокалова, додека пак 35 градови во жолта зона. Во невремето вкупно 6 души го загубија животот, а 44 лица се повредени.

Наставата со физичко присуство денеска беше прекината во градовите Истанбул, Бурса, Коџаели, Чанаккале, Сакарија, Текирдаг, Баликесир, Јалова, Синоп, Дузче и Бартин.

Во невремето животот го загубија 6 лица, а 44 лица се повредени во Истанбул, Зонгулдак и Коџаели.

Невремето во Истанбул го парализираше јавниот транспорт. Се откажаа брзите фериботи и поморски автобуси, а затворени за работа се и линиите на жичарниците.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција, амбасадорот Николаус Мајер Ландру изрази сочувство за лицата кои ги загубија животите поради невремето. Тој изјави дека се солидарни со турските граѓани и владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе