Вести

Политички игри наместо работа во Советот на општина Штип

Штипските советници од ВМРО ДПМНЕ сепак ќе ги коригираат свечените изјави со уставното име на државата.

Координаторот на советничката група, Душко Иванов вели дека тоа ќе го сторат во интерес на граѓаните и да не се изрече мерка „забрана за прописи“, што ќе значи блокада на општината и работата на градоначалникот.

Но, стојат на ставот дека нема да ја повторат конститутивната седница иако пишува во решението на инспекторат за локална самоуправа.

Одговорот по жалбата ќе го чекаат, а потоа ќе постапат.

Деветмината советници на СДСМ стојат цврсто на ставот дека свечените изјави треба да се потпишат на нова конститутивна седница на Советот и сите одлуки кои досега се донесени, да се повторат, како што се  избор на претседател на советот,  ребаланс на буџет, разрешување на стари и именување на нови членови на управните одбори во училиштата и градинките.

„Она што отвара сомнеж е фактот дека   иако решението беше доставено до Општина Штип на 12.11.2021,истото е архивирано од страна на општината 16.11.2021, остава впечаток дека мнозинството на овој начин се обидува да манипулира со одлуПките донесени на втората и третата седница, под изговор дека во моментот на нивното донесување тие се уште немале насока на кој начин да постапат“, вели Маријана Рогожарска Поповска, координатор на советничката група на СДСМ.

Левица е на ставот дека нејзините советници не ги потпишуваат изјавите со придавката Северна.

Засега  позицијата и опозицијата се надмудруваат, но доколку продолжат во овој стил можат да го доведат во прашање и донесувањето на буџетот на општината за наредната година.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе