Четири лица загинаа, а 40-тина се повредени откако силно невреме со силни ветрови ги погоди Истанбул и соседните региони. Националната метеоролошка агенција соопшти дека во Истанбул се измерени ветрови од 130 километри на час, а се очекува екстремните временски услови да продолжат и утре. Второто највисоко ниво на тревога е прогласено во 17 провинции. Меѓу закинатите има и странски државјанин, а тројца од повредените се во животна опасност, потврди министерот за здравство Фахретин Коџа.
Ветровите урнаа делови од згради, како бетонски столбови и ѕидови, при што снимките покажуваат како остатоци паѓаат околу пешаците. Во округот Чаталка се урна саат кула. Авиопревозникот „Туркиш ерлајнс“ пријави нарушувања во својот ред на летање, додека Босфор беше затворен за сообраќај во двете насоки.