Македонија

ЦО на СДСМ расправа за влегувањето на Алтернатива во Владата и за оставката на Заев

Централниот одбор на СДСМ со двочасовно задоцнување, ја почна седницата на која, според најавите, треба да се дискутира за актуелната политичка состојба и окрупнување на парламентарното мнозинство, и да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор Петре Шилегов, пак, изјави дека треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Според него, тоа е извесно да се случи и како што кажа, очекува тоа да биде примарно на дебатата и формирањето на Владата.

Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енергетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија, изјави Шилегов.

Во меѓувреме, Централното претседателство на Алтернатива донесе одлука да влезе во преговори за приклучување на владината коалиција. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, како што информира партискиот портпарол Орхан Муртезани, доби овластување да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

Од разговорите и од постигнатиот договор ќе зависи дали Алтернатива дефинитивно ќе влезе во Владата.

Седниците на ЦО на СДСМ и на Централното претседателство во Алтернатива требаше да се одржат во вторникот, но беа одложени поради тридневната жалост по автобуската несреќа во Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Во Македонија најмногу се конзумира канабис – најчеста причина е намалување на стресот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе