Ковид19 Македонија

Во последните 24 часа 434 нови случаи на Ковид-19, 12 починати и 421 оздравен пациент

Во последните 24 часа, регистрирани се 434 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.026 тестирања,вкупно 19 починати, 12 во изминатоти деноноќие и седум преку системот „Мој термин“, како и 421 оздравен пациент, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци на Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените, од Скопје се 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистриран e 421 оздравен пациент од: Скопје – 200, Битола – 33, Куманово – 22, Делчево – 21, Кавадарци и Велес – по 19, Охрид – 14, Прилеп – 13, Штип и Кочани –  по 10, Берово и Гевгелија – по 9, Пробиштип – 6, Радовиш и Неготино – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Виница и Кичево – по 3, Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2,  Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46г,65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Направени се 3.026 тестови преку: ИЈЗ-315, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-137, Биотек-170, Систина-72, лабораторија Лаор-97, Синлаб-13, Ремедика-11, Плодност–48, Генеа-2, Никоб лаб-325, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-39, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.243.

Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе