Македонија Најважни

Поделени ставови во Алтернатива, одлуката ќе ja носат во вторник

Највисоките партиски тела на Алтернатива ќе заседаваат во вторник и ќе донесат одлука за натамошното позиционирање на партијата, дали ќе биде дел од Владата или ќе се приклучи кон опозицијата. Мислењата на членството се поделени. Висок партиски функционер од Алтернатива  за Телма вели дека во тек се внатрепартиски разговори а каква било одлука да се донесе тоа ќе предизвикаа нетрпеливост и турбуленции внатре во партијата, затоа што едни се за приклучување кон власта, други да се продолжи соработката со Алијанса на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.

Логично е да има спротиставени ставови затоа што пред речиси една недела сите четири пратеници се потпишаа на иницијативата да се урне оваа Влада, а сега треба да се одлучи дали ќе бидеме дел од таа Влада.Дополнителен проблем може да предизвика и фактот што Алтернатива и Алијанса на локалните избори настапија со заеднички листи за градоначалници и за советници. Од друга страна пак треба да се донесе одлука која е од интерес на сите граѓани, вели висок функционер на Алтернатива.

Лидерот на партијата Африм Гаши деновиве ќе комуницира и со опозициските лидери Мицкоски и Села, а ќе ја одбере страната која ќе има подобри аргументи за излез од политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ им порачува добро да размислат кон која страна ќе се приклучат.

Конечната одлука на Алтернатива ќе му биде позната и на СДСМ кој истиот ден ќе одржи седница на Извршниот и Централниот одбор. Власта е убедена дека парламентарното мнозинство ќе се зголеми а тоа ќе овозможи да се одблокира носењето на голем број закони во Парламентот.

Централниот одбор на СДСМ ќе треба да ја официјализира и оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и да ја отпочне процедурата за избор на нов лидер и раководство. Според партискиот статут одлуката за распишување избори ја носи Извршниот одбор најдоцна 15 дена по престанокот на функцијата.Лидерот се бира на непосредни избори, со тајно гласање на сите пријавени членови. До конечноста на изборот, Заев останува лидер. Тој вчера по средбата со Гаши рече дека „зборот е збор“ и неговото змаинување е конечно. Посакува новиот лидер на СДСМ да биде и претседател на Владата. Поради роковите, не верува дека до 14 декември ќе се избере нова Влада.

Но Доколку Алтернатива одлучи да остане во опозиција тогаш распоредот на силите во Собранието би бил 60/60. Оваа  ситуација не е предвидена ниту во Деловникот ниту во Уставот и според правните експерти кои ги консултуравме поради неодржливоста во фукционирањето на Собранието, ситуацијата, ќе води кон малцинска Влада и предвремени парламентарни избори.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница

Дејан Дејан

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци

Дејан Дејан

Лишен од слобода маж од кичевско кој со секира ги нападнал родителите при што таткото починал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе