Гаши вечерва ја слушна понудата на Заев, а премиерот барањата на Алтернатива. Но, договор не беше постигнат.
Ниту едниот, ни другиот не сакаа да откријат поконкретни детали од дво ипол часовната средба во Клубот на пратеници.
За понудите и барањата ставени на маса, како и за следните чекори, викендов ќе одлучуваат во рамки на своите партии, по што следната недела повторно ќе се сретнат. Според Заев, можното идно коалицирање ќе биде врз основа на програмски принципи.
Заев вели дека е свесен за поделеноста во Алтернатива за влез во владата, но посакува да донесат одлука во негова корист.
Гаши, пак, кажа дека комуницира и со опозициските лидери Мицкоски и Села и дека ќе ја одбере страната која ќе има подобри аргументи.
Гаши на средбата дојде во придружба на партискиот секретар, Беким Сали, за кој се шпекулира дека е против влегување на Алтернатива во владата. Премиерот, пак, беше придружуван од заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, со што ги подгреа шпекулациите во јавноста дека тој е најсериозниот кандидат кој би можел да го замени на претседателската позиција во партијата, но и на премиерската функција.
Далиборка Демјанска Цветановска