Вести Македонија

Лорер: Четиринаесетти декември не е реалистичен рок за постигнување целосен договор со Северна Македонија

Даниел Лорер од коалицијата „Промената продолжува“, кој се смета за најсериозен кандидат за министер за надворешни работи во новата влада во Софија, изјави за „БТВ“ радио дека 14 декември не е реалистичен рок за постигнување на целосен договор со Северна Македонија.

Лорер вели дека ако биде оставена единствено историјата да ги движи преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, тоа нема да биде доволно добар резултат и двете страни.

Според Лорер, ќе бидат отворени и дополнителни дискусии во однос на економскиот напредок меѓу двете земји.

– Почитувањето на правата на македонските Бугари е од првостепено значење, рече тој и посочи дека претстојат преговори врз база на факти, а не на шпекулации доколку тие права биле повредени. А разговорите за историјата ќе се движат напоредно, така што и Софија и Скопје ќе бидат задоволни, додаде Лорер.

Тој оцени дека заедничката историска комисија меѓу Скопје и Софија не предлага напредок и двете страни се чувствуваат незадоволни од тоа што се случува и треба да биде пронајдена нова формула. Нејзина функција, вели тој, треба да биде за да помага, но не да биде и единствена во тој процес.

Лорер додава дека спорот бил длабок и тие дискусии треба да го поминат својот пат и тоа се случува меѓу сите соседни народи на Балканот.

– Патот, не само на Северна Македонија, туку и на Албанија и останатите земји од регионот е кон ЕУ и Бугарија би сакала кога Северна Македонија ќе влезе во тој процес, дека тоа ќе се случува без правата на македонските Бугари да бидат повредени. Но од друга страна, треба да има економска програма, што ќе ја обезбеди економската благосостојба и ние имаме доста кон конкретни планови, тоа да се случи, рече тој.

На прашањето дали ќе биде предложен за министер за надворешни работи на Бугарија, Лорер ниту демантираше, ниту потврди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе