Култура

Поради ковид позитивни откажана изведбата на словенечката претстава „ Мојот маж“ , на МОТ

Поради ковид позитивни членови од епипата, откажана е изведбата на фестивалот МОТ, на претставата „ Мојот маж“, на Словенско народно гледалишче од Љубљана.Претставата требаше да се игра во петок во 20 часот во МНТ.

  • Според разговорите и значењето на претставата за мотовската публика, се надеваме и правиме напори изведбата на претставата да се реализира до крајот на оваа година, велат од МКЦ кои го организираат МОТ.

Ова откажување значи дека публиката за време на фестивалот кој почува утре вечер, наместо предвидените три, ќе има можност да види две верзии на драматизации, на расказите од збирката на Румена Бужаровска. Во сабота (на 20 ноември), ќе биде изведена дуо драмата „ Мојот маж“, во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград, а во недела (21. ноември), е постановката на Драмски театар, работена како ансамблова претстава. Двете верзии ќе бидат изведени во Драмскиот театар, со почеток во 20 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе