Вести Македонија Топ вести

Поради проблемите со фингерпринтот гласањето се одвива забавено

На проблеми со идентификација на гласачите, како и со техничките конекции на биометриските уреди кои за прв пат се користат на денешниве локални избори , се жалат и граѓаните и претседателите на избирачките одбори на избирачките места во училиштето „ Владо Тасевски“ , во Козле.

Сепак имаше и граѓани кои поминале без проблеми за идентификација при гласањето

Гласачките места во училиштето „ Владо Тасевски “ беа отворени на време, велат од избирачките одбори, а поголема масовност за гласање се очекува во текот на денот. Граѓаните очекуваат од новите градоначалници и советници да ја подобраt сообраќајната инфраструктура и животната средина.

На 7-ве по ред локални избори се гласа на 3480 избирачки места низ земјава, а граѓаните треба да изберат меѓу 299 кандидати за градоначалници и над 10 илјади советници.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе