На гласачки места во Шуто Оризари и во Чаир граѓани се пожалија дека има одредени проблеми при препознавањето на отпечатокот од прст и случаи во кои не можеле да се идентификуваат и да го остварат своето гласачко право. На изборното место во основното училиште „26 јули“ во Шуто Оризари тоа го регистрираше и камерата на Телма. По неколку обиди комисијата реши жената да биде идентификувана со лична карта и на тој начин беше овозможено да го оствари своето гласачко право.
Да ви кажам не ме најдоа никаде ниту во странци, ниту во Македонци. Во списокот ме нема, па сега ќе барам помош од општината за да можам да гласам. Инаку мирно е се, но за сега не можам да гласам за никого.
И токму поради потешкотиите со биометриската идентификација пред одредени гласачки места се содадоа гужви во кои беше речиси невозможно, да се почитуваат здравствените протоколи за Ковид 19, па интервенираа службите на терен. За граѓаните пак како што велат најважно е се да помине во мирна атмосфера.
И од избирачкиот одбор на изборното место во основното училиште „Петер Здравковски- Пенко“ потврдуваат дека во одредени случаи има проблеми со биометриската идентификација, па гласањето се одвива побавно, но дека процесот тече мирно.
За сите вакви случаи, членовите на избирачките одбори ја известуваат ДИК, од каде велат дека проблемите се надминуваат во од.
Нина Стефанова