Стотици вработени во Пошти денеска ги окупираа подружниците во Скопје и низ земјава- одржаа краток предупредувачки протест за време на паузата од работа. Револтирани се поради доцнењето на септемвриската плата, лошите услови за работа и од неизвесноста што ќе се случува со нив во услови кога компанијата е во финансиска криза.
Протестот организиран од двата синдикати наиде на поддршка од вработените и од другите градови. Вработените од штип велат дека поради финансиската криза на компнаијата немаат ослновни услови за работа.
Синдикатите бараа и добија средба со менаџментот. Но детали што договориле, не открија. Првиот човек на Пошти, Јани Макрадули за Телма одговори дека платата на вработените е исплатена рано утринава. Околу плановите кои уште лани ги најави владата за овој загубар, односно приватизација или јавно приватно партнерство, Макрадули, рече дека приватизацијата на било тема на разговор.
Никаква призатизација нема. Тоа не е тема. Плата се подели уште утринава во 8,30 часот – рече Макрадули
Пошти со години се на листата на топ државни загубари. Лани биле 1,6 милиони евра во загуба. Пропаѓањето на Еуростандард банка, која Пошти ја користеше за платен промет, но и ковид кризата предизвикаа огромен пад на приходите. На крајот на минаната година беше склучен договор со ХАЛК БАНКА таа да го врши платниот промет на Пошти во наредните 35 години. Државните Пошти со години се на листата на топ загубари. Лани прокнижиле загуба од 1,6 милиони евра.
Александра Филиповска