Вести Македонија

Започна дистрибуцијата на гласачкиот материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола

Четири и пол милиони  гласачки ливчиња, изводи од избирачките списоци и друг доверлив  избирачки материјал,  денеска со силно полициско обезбедување започна да  се дистрибуира од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до 80 општинските изборни комисии и Градот Скопје.

Се е подготвено и денес ќе се дистрибуира цел материјал затоа што активностите ги почнавме во раните утрински часови со цел материјалот на време да пристигне во сите општини. Утре ќе ги предадеме и уредите за биометриска идентификација на гласачите, рече  претседателот на Државната изборна комисија,  Александар Даштевски

За овие локални избори  има рекорден број  кандидатски листи  на политички партии, коалиции и независни кандидати, а за печатење на избирачкиот  материјал се потрошени 60 тони хартија.

Овие гласачки ливчиња заштитени со над 20 заштити и не е можно никакво фалсификување, ниту пренесување на ливчиња од едно на друго избирачко место,  затоа што сите ливчиња се обележани и заштитени. За печатење на избирачкиот материјал потрошивме околу 40 тони хартија за ливчиња и дополнителни 20 тони хартија за записници, вели Драги Милошевски, директор на печатницата Киро ДандарО во Битола.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места,  а за првпат полицијата постојано ќе го обезбедува доверливиот избирчаки материјал. Исто така, првпат на овие избори идентификацијата на гласачите ќе се врши со уреди за биометриска идентификација односно со отпечаток од прст. На изборите  ќе се применуваат мерки за заштита од ширење на Ковид.  Еден ден порано, односно во сабота, први ќе гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор и во старските домови.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе