Вести Македонија

Пендаровски на средба со претставници на македонските здруженија во Малме

Претседателот Стево Пендаровски при посетата во Малме оствари средба со македонскиот православен свешетеник Блажо Кожарски од Македонската православна црква „Свети Наум Охридски“ како и со претставници од македонските друштва од Малме.

На средбата со свештеникот Кожарски, претседателот Пендаровски беше информиран за начинот на организирање и функционирање на црковната општина, којашто е прва во Европа, формирана во 1973 година, како и за тековните активности и соработката со шведските институции во насока на афирмирање на Македонската Православна Црква.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претставниците на македонските друштва од Малме ги споделија со Пендаровски актуелните иницијативи за унапредување на дејноста на македонската заедница, како и за промовирање на нашата култура и традиција во Шведска. Во тој контекст беше нагласена важноста од континуирано негување на врските со нивната матична држава.

Претседателот Пендаровски на средбата со претставниците на македонската заеднница во Шведска истакна дека се повеќе се вреднува нејзината улога како активен чинител во севкупните општествено-политички и економски процеси во нашата држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе