Вести Македонија Најважни

Ескобар: Политика на САД е Западен Балкан да стане дел од ЕУ

Имаме договор со европските партнери, што треба да се направи со Западниот Балкан, а тоа е негова евроинтеграција. Тое е заедничка американско-европска агенда за овој регион, гласеше пораката на заменики-помошни државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој притоа ја повика Европската унија да го интегрира Западниот Балкан, оценувајќи дека тоа е мал чекор за неа.

„Американската политика ги подржува напорите на овие земји да ЕУ ги приклучи во европските демократски земји. Точка! Тоа е нашата политика, а се друго е само тактички пристап во однос на сите оние начини на кои се обидуваме тоа да го направиме. Но од наша гледна точка ова би создало огромна количина на стабилност во регионот“, изјави Ескобар.

Ескобар кој преку видео врска денеска се обрати на форумот на Економист во Скопје и порача на Унијата дека во одредени земји на ЕУ постои скептицизам за проширувањето со објаснување дека реформите во земјите не се спроведени и може да преставуваат ризик за Унијата, но оти искуството на САД досега е дека земјите од Западниот Балкан се солидни партнери кои можат да бидат конструктивна сила во ЕУ.

На форумот беше испратена уште една порака од Вашинготн, но овојпат од американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, за прашањето меѓу Бугарија и Македонија.

„Се надеваме дека Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат да работат конструктивно за заедно да ги надминат разликите. Јасно е дека иднината на Северна Македонија и Албанија е во ЕУ. Моментот е многу битен и се надеваме дека тоа ќе биде решено најбрзо што е можно“, рече Брнс.

За прашањето со Бугарија на форумот свој став изнесе и премиерот Заев, според кого по изборите во двете земји шансите за 50 проценти ќе се зголемат шансите спорот да биде решен.

„Политичарите се многу специфични, меѓутоа ние продолжуваме со разговорите, имаме теми пред двете страни и постои решение. Но, ги разбрам политичарите зошто не ветуваат решенија до крајот на годината затоа што во меѓувреме има избори“, рече Заев.

 Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, пак гледа две патеки за надминување на спорот со Бугарија. Едната е преку билатерлани разговори и преку Договорот за добрососедство, а втората преку Европската унија и решенијата која ги нуди таа.

„Што се однесува до прашањето на јазикот, имаме предлог од германското и од португалското претседателство, преземен е и од словенeчкото и тоа се уште е активен предлог. Според нас, тоа е добра основа за изнаоѓање решение. Од неодамна можам да видам и премин од наративот што ја поддржува идејата за наметнување апсолутна вистина и мешање во правото на луѓето да го прифатат тој наратив и предлогот 5+1 на последниот состанок за воведување на бугарската заедница во нашиот Устав“, рече Османи.

Меѓу другите пораки кои беа испратени од форумот во делот на интеграцијата регионот во Унијата беше дека доколку ЕУ тоа не го направи тоа ќе биде нејзина стратешка грешка. Притоа поранешниот шеф на германската дипломатија Јошка Фишер изнесе ставд ека доколку Западен Балкан не влезе во ЕУ на дол рок Европа ќе плати висока цена за тоа. Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандереу пак и порача на Унијата да не ги менува остојано условоте за проширување, туку да им даде јасен пат за тоа.

На форумот се дискутираше и за степенот на реформи во земјите од регионот, при што борбата против корупцијата и валдеењето ан правото се посочувата како клучни, во кои многу е направено, но оти уште многу има да се направи. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на таа тема посочи дека ставот на Унијата е дека местото на регионот е во ЕУ, но оти реформи се потребни и оти тие мора да продолжат со полна пареа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе