Вести Економија

Шахпаска: Пензиите ќе се усогласуваат со растот на просечната плата

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, и истото важи за едно од поголемите здруженија бидејќи брои околу 8.000 пензионери.

Шахпаска ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу  пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

Разговаравме и за промена на методологијата за усогласување на пензиите кон која Министерството за труд и социјална политика веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината, ќе биде испорачана нова методологија, со која што пензиите ќе се усогласуваат  и со растот на просечната плата, рече миинистерката Шахпаска.

На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе