Македонија Најважни

Филипче: Болеста Ковид-19 е сериозна и потребно е лекување само во комуникација со матичен лекар

Граѓаните да се свесни дека болеста Ковид-19 е сериозна и само во комуникација со матичен лекар треба да се одреди терапијата, која не може да биде иста за секој пациент, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Неговата изјава следува по пријавата од здравствен работник од градската болница „8-ми Септември“ откако пациентка стигнала во болница во критична состојба, со ниска сатурација и по неколку часа починала.

Таа била лекувана дома од медицинско лице, чие име роднините не го соопштиле. А за терапијата со која е лечена не бил известен матичниот лекар. Случајот е пријавен и во полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе