Ковид19 Македонија

412 новозаболени и 12 починати од Ковид-19 изминатото деноноќие

Нови 412 случаи на Ковид-19 од 3.567 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 459 пациенти, а починале 12 во изминатото деноноќие и дополнително осум пациенти во периодот од 1 септември до 8 октомври 2021 согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новодијагностицирани, половина се во Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци имаат по 10, Радовиш – шест, Штип и Свети Николе по пет нови случаи, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по четири, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по тројца новозаразени, Валандово – двајца, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод имаат по еден нов случај.

Од 12-те починати во изминатите 24 часа, шест се од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), двајца починати се од  Кочани (66г, 63г), по едно починато лице има од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 1 септември до 8 октомври 2021. Четири се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани, и се на возраст од 36 до 93 години. Шест од пријавените се починати во болница, а двајца  во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе