Ковид19 Македонија

Нови 130 случаи на Ковид-19 и шест починати

Од направени 1.843 тестирања, регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале шест лица од кои најмладиот на 27 години, соопшти Министерството за здравство.

Нови случаи се регистрирани во Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – седум, Прилеп – шест, Охрид и Крива Паланка – по четири, Куманово и Битола – по три, Гостивар и Кичево – по два, Демир Хисар –  еден случај.

Оздравеле 423 пациенти, од кои во Скопје  –  246, Куманово – 65,  Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по девет, Тетово – седум, Кавадарци и Кратово –  по шест, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по пет, Битола, Струга и Гевгелија – по четири, Свети Николе и Пробиштип – по три, Виница – два, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по еден.

Од починатите, две лица се од Куманово на 63 и 68 години и по едно од Скопје (77 години), Тетово (85 години), Крива Паланка (27 години) и Струмица (80 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе