Енергетска криза има, цените се високи, но владата будно ја следи состојбата и ќе интервенира таму каде што ќе биде потребно – изјави премиерот Заев прашан дали државата е подготвена да го ублажи ударот од енергетската криза и растот на цените на основните прехрамбени продукти.
Премиерот вели ќе се следи состојбата следните две три недели, по што ќе се донесат мерки.
Но не откри какви ниту колку пари има на располагање во буџетот за да се ублажи ударот и за компаниите и за ранливите категории граѓани.