Вести Македонија Најважни

80 години од македонското востание против фашизмот

Денеска се одбележува, државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание  со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев се на централната прослава која е организирана на Могилата на непобедените во Прилеп, каде на овој ден пред 8 децении, народното востание почнува со напад врз бугарскиот участок во центарот на градот.

Покрај во Прилеп, и во Куманово се одава почит на двата партизански одреди кои на 11-ти октомври 1941-ва ја почнале битката за ослободување.

Востанието и борбата ќе се крунисаат на Илинден 1944-тата кога на заседание на АСНОМ во Прохор Пчински се носат одлуките за формирање на државните институции. Во 4-годишните борби, загинале околу 25 илјади луѓе.

8-децениската прослава се случува среде кампања за локалните избори, но и во време на бугарските барања за поинакво толкување на историјата од периодот на Втората светска војна.

Инаку, на прилепската Могила на непобедените, десетина луѓе од кои некои со партиски симболи беа наредени пред местото каде се поставуваат венците свежо цвеќе за одбележување на празникот, а државните делегации со претседателот Пендаровски и премиерот Заев ја заобиколија групата за да ги положат венците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе