-Најголемиот пресврт ќе биде почеток на пристапните преговори со мојата земја, Северна Македонија и со Албанија, истакна вицепремиерот Никола Димитров во интервју за BBC радио.
Во интервјуто Димитров посочи дека самитот во Брдо во Словенија покажува дека „за прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. На претходните Самити – оној во Загреб и тој во Софија – се зборуваше само за европската перспектива. Во таа смисла, сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција.“
На прашањата за бугарското однесување за јазикот, историјата и европските интеграции, Димитров вели дека после такви активности „навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели.“
Еве делови од интревјуто: