Македонија Најважни

Македонија го чествува 11 Октомври, денот кога ја почна антифашистичката борба

Гладни, ненаспани изложени на тортура и предавства. Не го штеделе својот живот ниту се плашеле од бугарските, италијанските и германските окупаторски војски врз кои отвориле оган на 11 Октомври 1941-та. Патешествијата и страдањата кои ги преживале ги раскажале на своите поколенија.

Рафалите во Прилеп и Куманово одекнуваат 80 години низ времето, а со себе ја носат пораката дека револтот на предците бил од деценсикото угнетување а одлуката се впуштат во војна против фашистичктие окупатори бил со една едиснтвена цел, цитура Буровски сеќавања од неговиот таткот првоборец.

По, 80 години од почетокот на антифашистичката борба во Македонија за 110-илјадната војска слободумни борци сведочат 25. 000 знајни и незнајни гробови, 1100 споменици и обелжја, заради кои не возможно да се прави исторски ревизионизам, порача претседаетелот на државата Стево Пендаровски од споменикот во Могила, Битола, положувајќи свежо цвеке со наклон за загинатите борци.

Сите тие објекти, до еден, ја праќаат истата порака: „Запомнете и не заборавајте за што се боревме, бидејќи вашата слобода ја плативме со нашите животи.“ Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа  би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом.

И Скопските првоборци добија цвеќе, почести и пригодни зборови. За нивната пожртвуваност почит оддаде и првиот вицепремиер Артан Груби истакнувајчи дека нивните заложби денеска се исполнуваат за модерна, правична и мултиетничка држава.

Денеска поддржувачите и следбениците на борците согласни дека граѓаните на оваа територија имале потреба од слобода, се соочиле со фашистички окупатор кој се претставил како ослободител но и идеја за заедничка и независна држава на сите граѓани кои живеат тука. Сојзуот на борци смета дека борбата не е завршена додека земјата не се интегрира во европската унија, токму кај земјите од каде што дошол фашизмот, но тие земји ја научиле лекцијата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе