Македонија Најважни

Денот на антифашистичкото востание стана мегдан на политички препукувања

Градот Херој Прилеп, на Денот на народното антифашистичко востание  стана мегдан на политичките партии за предизборни пораки и препукувања. На Могилата на непобедените каде денесла се одржа централното чествување по повод  11 Октомври, група активисти на Левица,  го попречија патот на државните делегации додека полагаа цвеќе во криптата, па сите  ги заобиколуваа, а имаше и дофрлувања помеѓу членот на Левица, Иван Јованоски и  премиерот Зоран Заев, додека владината делегација полагаше цвеќе.

  • Ти немаш лице да се појавиш овде. Му се п… на сите шо се овде загинати. Треба да си славите празникот во Бугарија таму, ова не е ваша територија, рече  Иван Јовановски од Левица.
  • Да посетите психијатар, му рече Заев.
  • Ќе видиме кој е за на психијатар, да одиме заедно ако сакаш. Срамота, како не ти е срам, му одговри Јовановски.

СДСМ одржа митинг еден час подцна кај Могилата во Прилеп. Лидерот Зоран Заев зборувајќи за важноста на 11 Октормври и антифашистичкта војна, рече дека и денска има појави на фашизам, а да не се повтори треба рано да се сузбиваат сите негови форми.

  • Фашизмот ќе го препознает и денс оти тој сее омраза ги дели луѓето, окупира, како што денес сабајлево беше окупиран просторот за полагање на цвеќе овде на Могилата од поединци полни со омраза, цни души. Фаѓимот нема друга судбина освен дa биде поразуван, рече Заев.

На Могилата на непобедените,  прес одржа  ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија Заев дека е лицемерно да се појави  во Прилеп,  а истовремено да ја менуваат историјата.

  • Да дојдете во градот херој, градот Прилеп, каде повеќе од 650 луѓе ги загубија живототите,  загубија за ослободување од фашистичкиот окупатор, а од друга старна да ја менувате историјата и да велите дека немало окупатори, туку тие биле админситарторти,е нечовечки, нехумано, рече Дејан Проданоски,  носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

И чествувањето во Куманово по повод 11 Октомври не помина без политички пораки.  Доскорешниот социјалдемократ  и актуелен градоначалник, кој на овие избори настапува самостојно, рече дека никаде во светот не  се негира постоењето на еден народ, ниту пак се менува историјата.

  • Јас имам проблем бидејќи никој од Бугарија досега не се извинил за злоделата што ги направиле во Македонија, по примерот на Германија и нивните канцелари Брант и Меркел, туку се обидуваат да ги избришат од историјата. Е па тоа не може да се случи! Не смееме да дозволиме тоа да се случи! Заради нашите предци, заради нашите поколенија, рече Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово.

Ни ВМРО-ДПМНЕ нема да  го заобиколи градот Херој за 11 Октормври. Вечерва нивниот предизборен караван ќе одржи митинг во Прилеп.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе