Македонија

Бугарија го блокира договорот за Фронтекс

Од Европската Комисија потврдуваат  дека договорот за управување со границите помеѓу ЕУ и Северна Македонија веќе три години останува блокиран од страна на Бугарија затоа што оваа земја не го признава македонскиот јазик, јавува МИА од Брисел.

  • Договорот не е сѐ уште на сила бидејќи преговорите продолжуваат. Референците за македонскиот јазик се единствената пречка за потпишувањето на договорот со Фронтекс. Комисијата ги охрабрува Бугарија и Северна Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение, изјавија од прес службата на Европската Комисија .

Овој договор, потпишан со останатите земји од регионот, треба да и овозможи на ЕУ во случај на бегалска криза, да распореди свои полициски офицери на македонската граница. Сите други земји ја имаат оваа клаузула каде се наведени јазиците, во случајот на Босна и Херцеговина се наведени сите три официјални јазици.

Но, Бугарија бара да стои „јазиците на страни потписнички“, што е неприфатливо за македонската страна, бидејќи Северна Македонија би била во тој случај единствена земја за која не е наведен јазикот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе