Две лица од Камерун во рок од 5 дена преку скопскиот Меѓународен аеродром се обиделе на два пати да внесат лажни банкноти во евра, во земјава. Интересно е што и во двете полициски соопштенија за ваков шверц, камерунците имаат иста возраст и исти иницијали, но и други идентични податоци.
Полицијата извести дека вчера на Меѓународниот аеродром –Скопје се уапсени лицата со иницијали Т.Р.Ф. на 36 и М.Б.С.на 40 години, двајцата од Камерун, во обид да внесат фалсификувани евра во висина од околу 902 илјади 150 евра, во над 9.200 различни лажни банкноти со различни апоени.
А, во полицискиот билтен од 4 октомври пак стои дека „во 00.10 часот на Граничниот премин – Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола и проверка на багажот кај лицата М.Б.С.(40) од Камерун, со француска патна исправа и Р.Ф.(36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург“, се најдени „хартии во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од по 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност“.
Ноќта недела кон понеделник на 03 кон 04. Октомври, камерунците биле пуштени, стои во билтенот. А сега од МВР објаснуваат дека всушност се работи за истите лица кои по вештачењето на сомнителните хартии, првиот пат биле задржани во транзит зоната. А, вчера се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава.
- Одделот на сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против двете лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „Правење , набавување и отуѓување сретства за фалсификување по член 271 ст.2 од Кривичниот законик.
Во објаснувањето на делото извршено вчера стои дека се најдени и „1 француска лична карта со иницијали К.В.С. и 1 камерунска патна исправа на име С.И.Ф. за кои нема податоци дека се вистинити“.
Сотир Трајков