Вести Македонија

ЕКО свест: Кандидатите за градоначалници да се обврзат на борба против климатските промени

Еко-Свест бара од кандидатите за градоначалници да потпишат меморандум дека ќе се борат против климатските промени и стакленичките гасови. Барањето е упатено пред се` кон кандидатите од регионите во кои се врши експлоатација на јаглен, има отворени рудници и индустриски капацитети со високи емисии на стакленички гасови. Со потписот, треба да се обврзат дека ќе ги почитуваат осумте основни принципи на праведна транзиција. Тоа значи, означување на подрачјето,  познавање на потенцијалот на регионот, согласност од оние кои ги донесуваат одлуките, спроведување на консултации со заедницата, учење од успешните приказни, (споделување на искуства), поддршка на централно ниво и финансиски инструменти. Само така, велат од Еко свест, и Македонија ќе даде свој придонес во ограничувањето на глобалното зголемување на температурите, намалување на емисиите на стакленички гасови и прилагодување кон климатските промени.

Од ЕКО свест потсетуваат дека, со потпишување на Парискиот договор,  вкупно 197 држави се посветија на тоа да ги елиминираат штетните активности и да ги променат своите потрошувачки практики.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе