Еко-Свест бара од кандидатите за градоначалници да потпишат меморандум дека ќе се борат против климатските промени и стакленичките гасови. Барањето е упатено пред се` кон кандидатите од регионите во кои се врши експлоатација на јаглен, има отворени рудници и индустриски капацитети со високи емисии на стакленички гасови. Со потписот, треба да се обврзат дека ќе ги почитуваат осумте основни принципи на праведна транзиција. Тоа значи, означување на подрачјето, познавање на потенцијалот на регионот, согласност од оние кои ги донесуваат одлуките, спроведување на консултации со заедницата, учење од успешните приказни, (споделување на искуства), поддршка на централно ниво и финансиски инструменти. Само така, велат од Еко свест, и Македонија ќе даде свој придонес во ограничувањето на глобалното зголемување на температурите, намалување на емисиите на стакленички гасови и прилагодување кон климатските промени.
Од ЕКО свест потсетуваат дека, со потпишување на Парискиот договор, вкупно 197 држави се посветија на тоа да ги елиминираат штетните активности и да ги променат своите потрошувачки практики.
Далиборка Демјанска Цветановска