Собранието на доверители на Топлификација одлучи да ја прифати понудата на Адора инженеринг која на лицитација успеа да понуди највисока цена, од 9,3 милиони евра со ДДВ за топланите Исток и Запад кои се дел од стечајната маса на Топлификација.
Ванчо Чифлиганец генерален директор на компанијата претходно изјави дека доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг ќе ја прифати без оглед, односно без разлика дали е позитивна или е негативна за нив како најповолен понудувач.
Чифлиганец вели дека во јавноста имало доста коментари во однос на понудата, но дека нивната идеја била мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора инженеринг ќе биде прв правен субјект досега што реално платил за овој бизнис. Објаснува дека топланите во градот Скопје се изградени во 60-тите години со тогашни државни пари, а околу 2000-та година, Топлификација АД се приватизира од страна на вработените.
Во прозивките на акционерите на Топлификација дека компанијата вреди многу повеќе Чифлиганец, вели не сака да навлегува, но вели дека е познато оти за Топлификација АД беше отпочната стечајна постапка и имотот кој што веќе години наназад е стопанисуван од БЕГ без да има сопственост за истиот, односно го користи под наем, беше предмет на продажба од страна на стечајната постапка. Идејата, како што вели била добронамерна и позитивно стратешка за градот Скопје.