Драги Рашковски е обвинет дека додека му траел мандатот како генерален секретар на Владата во неколку наврати ја злоупотребувал службената положба и перел пари. Поднесено е обвинение и за набавката на софтвер за ловеќе сообракајни прекроци но и за гласање кој бил негов патент. Според обвинителството биле спроведени постапки за јавни набавки за Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и камери за препознавање на регистарски таблички за возилата. Имало и постапки Систем за биометриска идентификација и метални кабини, но тендерските услови биле наштимани.
Првообвинетиот јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите, пишува во обвинението.
Според обвинителстовто Рашковски на шесто и седмообвинетите им овозможил да склучат и авторски договори со месечни хонорари. Тие ништо не работеле но им биле исплаќани пари на сметка. Тие ги подигнувале парите ама дел оделе за Рашковски дел за нив. Бидејќи е функционер нашол пари и како да ги пушти парите во оптек, велат од обвинителството.
Првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319,00 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити, стои во обвинението.
Со ова рашковски и фирмите кои ги добиле тендерите се стекнале со незаконски 300 илјади евра а на сметка на државниот буџет. Тој во моментов ја издржува мерката притвор, а скандалите поврзани со него кулминираа кога беше фотографиран како слободно шета надвор, за подоцна да стигне образложение од судот дека бил пуштен на лекарски преглед. Освен против Рашковски покренато е и обвинение уште против шестмина негови соработници.
Билјана Николовска