Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска ќе го поднесе обвинението против поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, дознава Телма од извори од обвинителството.
Ова доаѓа после отворената истрага за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци кој никогаш не бил искористен, но и за биометриска идентификација на гласачи, за што постоеја сомнежи дека е негов личен изум.
Тој во моментов ја издржува мерката притвор, а скандалите поврзани со него кулминираа кога беше фотографиран како слободно шета надвор, за подоцна да стигне обрразложение од судот дека бил пуштен на лекарски преглед.
Пред неколку недели шефицата на обвинителството Вилма Русковска објави дека истрагата е при крај, дека вештачењата се готови, на распит беа осомничените, а двата предмети се споени во еден.
Освен против Рашковски покренато е и обвинение уште против шестмина негови соработници.