Вести Македонија Најважни

Призма: Дивоградбата на Мавровка решена со признаена вина, 50 евра трошоци и нов помал објект

Инвеститорот во Мавровка чија дивоградба беше урната лани во септември иако се закануваше со жалба во Стразбур, на суд ја признал вината за кривично дело „бесправна градба“ по што добил условна, а не затворска пресуда, објави веб медиумот Призма (prizma.mk).

Во текстот е објавено дека инвеститорот Мевлудин Алити треба да плати само 50 евра за судски трошоци, откако го признал делото и бил осуден на условна казна затвор од две години, кои ќе бидат реализирани  ако во следните пет не стори ново кривично дело.

Според „Призма“ спогодбата за признавање вина е направена уште во јуни, а дури сега, 3 и пол месеци подоцна, по барање на медиумот, судот јавно ја објавува.

Објектот беше урнат лани во септември откако беше избран новиот кабинет на владата. Претходно објектот мистериозно изгоре среде полициски час во мај 2020-та година, кога првично имаше медиумски објави дека наводно пожарот избувнал од кабел на фискална каса. Инаку објектот Фонтана како и сите други угостителски објекти и кафулиња не работеа поради анти-корона мерките.

Подоцна КОД на Телма во едно свое истражување, повикувајќи се на полициски извори објави дека постои видео од безбедносна камера на кое се гледа како човек со капче и со шише го подметнува пожарот. Но тогаш истрагата уште не беше затворена во обвинителството кое тврдеше дека вештачењата од МВР уште не стигнале.

Потоа објектот почна да се гради, но во поголем габарит од изгореното, за на крај после јавните реакции да почне уривање на дивоградбата.

Во меѓувреме, судскиот процес заврши, Алити е условно осуден и нема да оди во Стразбур, а објектот изникна во старите рамки но со помодерен изглед и изграден со поцврсти материјали.

Еден дел од објектот се издава, а вториот повторно се вика „Фонтана“ и има гости за на кафе и пијалоци. Меѓу гостите беше и Али Ахмети на една кафе-средба.

За потсетување, реконструкција на пожарот на Фонтана во Мавровка:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе