Ковид19 Македонија

Непроменети правилата за влез во Грција

Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грција, кои важат и за државјаните на Македонија.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, нема промени во однос на минатата седмица, а стапи во сила во шест часот утрово и ќе важи до следниот петок 15 октомври.

За влез од Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа.

Сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ исто како и во изминатите пет месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

За оние кои патуваат со негативен тест „независно од државјанството и начинот на влез, а во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција“, предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција.

Задолжителното тестирање не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци.

Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе