Македонија

МЕПСО: „У Пауер“ не ни должи за набавената електрична енергија

„У Пауер“ чиј сопственик е Аријанит Џафери, не е должник на МЕПСО за ангажираната баласна енергија, соопштија попладнево од државното претпријатие. Оттаму додаваат дека ниту една компанија сандувач со електрична енергија нема долг кон нив.

  • МЕПСО: Што се однесува до прашањата и дилемите во јавноста а во врска со одредени снабдувачи на електрична енергија меѓу нив и “У-Пауер”, Ве информираме дека нивните долгови по основ на надомест за дебалансите во претходниот период беше 0 “нула”. Имено во претходниот период АД МЕПСО согласно “Правилата за балансирање” воглавно имаше финансиски обврски према „ У- Пауер“ и другите снабдувачи, а тоа значи дека „У Пауер“ набавувал повеќе електрична енергија од потребната за снабдување на неговите коминтенти и тоа се во границата на нормални проценки.

Од МЕПСО јавно не ги објавија фактурите доставени до фирмите снабдувачи а не ја соопштија и висината на гаранцијата за кои соопштија дека побарале да се зголеми.

А клиенти на „У Пауер“, која е основана во 2016 година, се голем број на општини и државни институции. Град Скопје, Бутел, Аеродром, Гевгелија, Свети Николе, Битола, Царината, УЈП, Царина, ТИРЗ и МЕПСО.

Според јавно достапните податоци, договорите за набавка на електрична енергија кои се склучени со „У Пауер“ се во износ од неколку илјади, до неколку стотици илјади евра. Најтешкиот е со Град Скопје, склучен на 10 мај во вредност од 67,5 милиони денари. Договорот со МЕПСО склучен во јануари оваа година е во износ од 29 милиони денари а двата со ТЕЦ Неготино сѐ со вкупна вредност од 28 милиони денари.

Ако се погледне на алатката Отворени финансии може да се види дека голем дел од државните институции и општините редовно си ги плаќаат фактурите за потрошена енергија кон оваа фирма.

МВР вчера поднесе кривична пријава за насилство против Аријанит Џафери за нападот врз претседателот на Регулаторната Комисја Марко Бислимовски, во ресторан во Дебар Маало. Причина за нападот е постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ која во моментов се води во Регулаторната, која е започната откако од МЕПСО алармирале дека евидентирале зголемено ангажирање на електрична енергија која се користи за исклучителни ситуации.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе