Европската атлетска федерација ги објави имињата на тројцата натпреварувачи кои останаа во потесниот круг на кандидати за најдобар во 2021 година.
Меѓу финалистите е Швеѓанецот, Арман Дуплантис кој во скок со стап оваа сезона забележа височина од 6 метри и 12 сантиметри, доминираше во својата дисциплина на митинзите од Дијамантската лига, а на Олимписките игри во Токио го освои златниот медал.
Втор кандидат за престижното признание е италијанскиот спринтер Ламонт Џејкобс кој најдобрата сезона во кариерата ја отвори со златото на Европското првенство во сала со триумф во трката на 60 метри. Круна на доминацијата беше олимписката титула на Игрите во Токио каде успеа да го израмни европскиот рекорд на најкусата патека, а потоа се закити со златото и во штафетата 4 пати по 100 метри.
Листата се затвора со Норвежанецот, Карстен Вархолм кој во дисциплината 400 метри на два пати успеа да го собори светскиот рекорд, а во јапонската престолнина на целта стигна со време од 45 секунди и 94 стотинки и стана првиот атлетичар на оваа делница кој успеал да постигне време под магичната граница од 45 секунди.