Македонија Најважни

Бугарите ќе влезат во Уставот пред да станеме земја членка на ЕУ, реципроцитет нема да се бара

Уставот во моментов нема да се отвори. Тоа може да се направи само непосредно пред да станеме земја членка на ЕУ, вели премиерот Заев. Петте услови за преговори се зголемија за уште еден, вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав станува дел од преговарачкиот процес.

Македонската страна нема да бара реципроцитет од Бугарија затоа што тие имале поинакво уредување и не признавале организирање на други етнички заедници.

ВМРО-ДПМНЕ бара од нашите власти да преземат мерки на реципроцитет и да побарат од Бугарија, Македонците да влезат во бугарскиот Устав, во спротивно тие нема да гласаат за уставните измени за кои е неопходно двотретинско мнозинство во Парламентот.

Европската комисија порача дека земјите членки под ниту еден услов не смеат да се мешаат во домашните работи на други земји. Во изјава за МИА , портпаролката на ЕК, Дана Спинант рече дека никогаш не е прифатливо една земја да ѝ диктира било што на друга земја, додавајќи дека во случајот со пописот во Северна Македонија, доколку станува збор за методолошки прашања, Европската Комисија не коментира, но сака да се реши спорот со Бугарија што поскоро.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера од Словенија порача дека очекува 120.000 граѓани, кои имаат бугарски пасош, да бидат попишани како Бугари во Северна Македонија.

Во наредниот период Македонија и Бугарија интензивно ќе разговараат за шесте точки. Покрај за бугарското малцинство во Уставот ќе се преговара и за употребата на краткото име, говорот на омраза, работата на историската комисија, правата на малцинствата, немешањето во внатрешните уредувања на двете земји. Првиот таргет е 14 декември, самитот на Советот на ЕУ, за кога се очекува позитивен сигнал.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе