Во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје стои дека минатата недела од Ковид-19 починале 85 заболени.
Но, кога ќе се спореди со претходниот извештај, бројот е поголем односно изнесува вкупно 112 пријавени смртни случаи последната седмица.
Бројот е поголем затоа што 27 граѓани починале претходно, но биле пријавени дури оваа недела.
Од 27.09. до 03.10. починале 99 пациенти во болница, во последниот извештај за овој период стои дека од почетокот на пандемијата во болница починале 6.302 пациенти, додека во претходниот извештај стои дека во истиот период има 6.203 починати од Ковид.
Со истата методологија, преку двата последни извештаи на ИЈЗ може да се пресмета дека изминатите седум дена оздравеле 50 пациенти од ковид болниците, што е точно двојно помалку од жртвите.
Со овие пресметки, и натаму се забележува раст на процентот на смртните случаи во болници, кој сега изнесува 47,35 % починати од вкупниот број на досега затворени болнички случаи.
Од 13.308 затворени болнички случаи, 7.006 оздравеле што изнесува 52,65%,, починале 6.302, додека во моментот на болничко лекување има вкупно 600 пациенти.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.681 лице кои биле хоспитализирани, а 2.631 биле на домашно лекување.
Миомир Серафиновиќ