Македонија Топ вести

Заев: Да го прочитам извештајот и најдоцна утре ќе одлучам за оставките

Премиерот Зоран Заев најави дека во текот на денот или најдоцна утре ќе даде свој коментар за објавениот извештај од вештачењето за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово.

Навистина првпат слушам дека извештајот е објавен, веројатно веќе сме биле на прес-конферeнција кога тоа е објавено. Дозволете да го прочитам извештајот, да го видам со сѐ што е објавено, за да можам да ги дадам своите реакции и веднаш во текот на денот или најдоцна утре ќе дадам свој коментар за ова, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција денеска во Владата.

Прашан, што тоа конкретно ќе значи за понудените оставки, рече дека веднаш, откако ќе ги осознае сите информации за тоа што е објавено, ќе го каже и својот став за оставките на министерот и на заменик министерот за здравство.

Претходно денеска, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, информираше дека во Основното јавно обвинителство Тетово е доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.

Пожарот во модуларната болница во Тетово предизвикан од спој во продолжен кабел на кој бил приклучен дефиблиратор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе