Минатата недела починале 85 заболени, но се пријавени вкупно 112 жртви на КОВИД 19 затоа што 27 граѓани починале претходно, но биле пријавени дури оваа недела. 99 починале во болница, односно двојно повеќе од 50-те оздравени кои ги напуштиле болниците, се наведува во неделниот и збирниот извештај на институт за јавно здравје.
Пријавени се 85 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (35). Најголем број 85,9% од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години- (10), 40-49 години (1) и 30-30 години (1).
И натаму се забележува раст на процентот на смртните случаи во болници, и сега изнесува 47,35 % починати од вкупниот број на досега затворени болнички случаи. Од 13.308 затворени болнички случаи, 7.006 оздравеле што изнесува 52,65%, додека во моментот на болничко лекување има вкупно 600 пациенти.
Бројот на заразени се намалил во изминатата недела за 10 отсто, но останал ист процентот на заразени од тестирани. Од починатите 74,2% се регистрирани пропратни заболувања , најчесто кардиоваскуларна болест кај 4043 пациенти , втора болест на листата е дијабетот или 1607 граѓани кои починале во комбинација со ковид..
Заразата не ги одминува ниту оние кои прележале или примиле вакцина. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 39 реинфекции, а зголемувањето ознесува 21,9% во однос на претходната недела.Заклучно со 03 Октмоври вкупно е регистрирана 591 реинфекција, а една пацинетка прележа по трет пат корона вирус. Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход, се вели во извештајот.
Неготино и Кавадарци, пак, се градовите каде најмногу граѓани примиле вакцина односно 65, и 64 проценти. Последни на дното со две примен ивкацини се Гостивар и СТрумица со 35 и помалку процнети вакцинирано население. Според последните официјални информации 789.802 лица се вакцинирани со барем една доза што е 47,4 отсто од полнолетните граѓани во државата.Целосно, со две дози вакцина, се вакцинирани 734 илјади граѓани.
Павле Беловски