Кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска го обвини командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски, кој бил поставен од Шилегов дека се однесувал шерифски, и не ѝ дозволил да влезе во просториите и да има средба со претставници на синдикатот.Однесувањето го оцени како скандалозно а Шилегов се плашел да излезат во јавност сите понижувања и проблеми со кои се соочувале пожарникарите.
Шилегов ѝ порача на Арсовска дека партиски активности може да има само надвор од државни институции.
Се огласија и од Независниот синдикат на пожарникари. Велат дека досега никој не им забранил да примаат гости.
Тие простории се само физички близу Бригадата, но се во децениско владение на Синдикатот, кој секогаш ги користи согласно неговите законски надлежности и целта на постоењето на еден синдикат. Ваквото однесување ја ускратува слободата на синдикалното движење и од тие причини за овие случувања ќе бидат известени сите домашни и меѓународни институции, реагира синдикатот.
До крајот на кампањата од првиот круг избори остануваат уште 10 дена.
Јулијана Пешевска