Свет Топ вести

Се повлекоа блокадите од косовско-српската граница сообраќајот прооден во двата правци

Повлекувањето на припадниците на специјалната косовска единица Рос од косовско-српската граница помина без инциденти, а Србите собрани околу граничниот премин Брњак ги испратија со извици „Србија, Србија“. Припадниците на Рос околу пладне почнаа да се повлекувааат од преминот Јариње, откако Србите ги тргнаа блокадите од патот. Сега двата премините се проодни во двете ленти. Според договорот од Брисел по целосно ослободувањето на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Брњак, војниците на КФОР две недели ќе го обезбедуваат теренот.

  • Договорот што успеавме да го постигнеме ќе има позитивно влијанијание не само за Косово, туку и за регионот. И ќе го отвори патот кон одржливо решение што целосно ќе ги отстрани постојните бариери за слободата на движење. Парадоксално е што ние сме единствените две земји кои имаат посебни режими за слободата на движење, што нема никаква врска со европските стандарди и најдобрите практики кои треба да бидат нашата главна ориентација на нашиот пат кон ЕУ, рече Бислим Бислими, заменик премиер на Косово.

Мисијата на КФОР, предводена од НАТО почна да ги презема првите чекори за деескалација и подобрување на состојбата на Северот на Косово, каде блокадите траеја 12 дена. Од денеска под силно присуство на КФОР според Резолуцијата 1244 на Советот на безбедност на ОН од 1999 година ќе се обебзбедува слободата на движење на сите заедници кои живеат на Косово, се наведува во нивното соопштение. Воспоставување на слободен проток на сообраќајот се очекува во понеделник.

Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина во врска со регистарските таблички, предвидува на местото на симболите на Косово и Србија да бидат ставани налепници. Во меѓувреме работна група, на чие чело ќе биде претставник на ЕУ, ќе работи на пронаоѓање конечно решение. Првиот состанок на групата е закажан за 21 октомври во Брисел, а предвидено е конечното решение да биде најдено во рок од шест месеци.

Србите од Косово до вчера, дванаесет дена со ред, со своите возила и земјоделска механизација беа на блокадите, откако Приштина одлучи српските регистарски таблични при влез во Косово да бидат заменува како привремени. Приштинските власти ваквиот чекор го нарекоа реципроцитет на правилото за непризнавање на косовските таблички, Србија го воведе уште во 2008 година.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе